Меѓуетничка соработка на Средните училишта од Врапчиште и Кочани

Од:

Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани и партнерското училиште од општина Врапчиште СОУ„Неготино“ од Неготино, денеска реализираа заеднички активности во Кочани.
 
– Во рамки на денешната заедничка средба мегу учениците и наставниците од девете училишта  реализиравме интерактивна работилница со ученици од двете училишта на тема „Стереотипи и предрасуди“, изјави Лазар Димитриев, директор на училиштето од Кочани.
 
За директорот на СОУ„Неготино“ од општина Врапчиште Раим Касими, денешната средба е можност повеќе да се продлабочи соработката меѓу двете училишта, бидејки искуството од училиштето од Кочани за нив е добредојдено на секој план, воспитен, образовен и слично.
 
Наредната средба во рамки на овој проект ќе се реализира на 31 март оваа година, а домаќин ќе биде СОУ„Неготино“.
 
Градоначалникот на општина Врапчиште Бајрам Кадриу, ја истакна досегашната соработка на Локалните самоуправи од двете општини, а најави соработка и на образовен, културен и спортски план преку гостувања на насамбли и групи на значајни манифестации во двете општини.
 
Денешната сердба во Кочани заврши со ревојален натпревар во футсал и одбојка со учество на екипи ученици од двете училишта.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование