Австријците даваат масовна поддршка за затворањето на балканската маршрута

Од:

Огромно мнозинство Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и остриот курс на австриската Влада во бегалската криза го сметаат за добар, јави Танјуг.

Истражувањето на јавното мислење, по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија ОРФ, покажува дека дури 85 отсто од Австријците затворањето на балканската рута го сметаат за исправно решение.

Само 12 отсто мислат дека затворањето на рутата преку Македонија, Србија, Хрватска и Словенија кон Австрија е погрешна одлука.

Уште поубедлив е одговорот на Австријците на прашањето дали австриската Влада треба и натаму да ги спроведува националните мерки се додека нема европско решение. Националните мерки ги поддржуваат дури 86 отсто од Австријците.

Исто така, 83 отсто од Австријците веќе не веруваат дека е можно 28-те земји членки на ЕУ во следните недели да се договорат за заедничко решение за стопирање на бранот бегалци.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник