Одлуката за повлекување на главнината на руските сили од Сирија ќе помогне за деескалирање на тензиите во земјата, изјави денеска портпаролката на надворешнополитичката служба на ЕУ, Кетрин Реј.
– Секој чекор, кој ќе помогне за деескалирање на насилството во земјата и за продолжување на примирјето, е многу важен за целосниот мировен процес. Во тој контекст треба да се гледа и руската одлука, истакна Реј на прес-конференција во Брисел.