Објаснување на МАНУ по повод соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Не осврнувајќи се на неоснованите дисквалификации на претседателот на МАНУ и на самата институција, заради објективно информирање на јавноста, службата за информирање на Македонската академија на науките и уметностите го дава следново објаснување по повод соопштението објавено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Бројчаникот кој го мери јавниот долг на Република Македонија изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на бруто-домашниот производ на земјата, е изготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања, и е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот.

Бројчаникот, според тоа, не изразува официјални ставови на МАНУ.

Академијата и секој нејзин член, и понатаму остануваат отворени за информирање на јавноста за нивната работа.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија