Хелсиншки: Контра-протест на иста локација и во исто време е недозволив

Од:

По информацијата дека утрешната седница на Уставниот суд ќе биде затворена за јавноста, Хелсиншкиот комитет јавно ја повика претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, да образложи поради која причина и на кој начин е донесена одлуката за исклучување на јавноста за време на утрешната седница на која ќе се одлучува по иницијативата за измени во Законот за помилување.

„Упатуваме јавен повик до претседателката на Уставниот суд да даде образложение поради која причина и на кој начин е донесена одлуката за исклучување на јавноста за време на утрешната седница? Имајќи предвид дека за исклучувањето на јавноста одлучува Уставниот суд, односно мнозинството на уставни судии, прашуваме дали и кога е одржан работен состанок на уставните судии за утврдување на постоењето на оправдани причини за затворање на седницата и донесување на ваква недемократска одлука или таа е донесена самоволно од страна на претседателката, некој од другите судии, или вработени во Судот?

Сметаме дека Уставниот суд не смее да ја продолжи тенденцијата на нетранспарентност на институциите и да дозволи поинакво дефинирање на јавното следење и информирање за неговата работа. Потсетуваме дека претседателката на Уставниот суд во јуни 2014 донесе усна одлука со која на медиумите им забрани аудио-визуелно снимање на седниците на Уставниот суд. Со денешната одлука, Уставниот суд целосно се затвора за јавноста, што е спротивно на принципите на демократијата и владеењето на правото.

Во моментов набљудувачи на Хелсиншкиот комитет присутни пред и околу зградата на Уставниот суд информираат дека таму се собрани стотици граѓани што се потпишуваат на списоци и на кои им се делат сендвичи и пијалоци. Очигледна е намерата на овие граѓани да го спречат или смеќаваат одржувањето на уредно пријавениот мирен јавен собир пред Уставниот суд во текот на денешниот и утрешниот ден. Хелсиншкиот комитет укажува дека ваквиот вид на контра-протест на таа локација и во тој временски период е недозволив, а доколку биде спроведен граѓаните што во него учествуваат ризикуваат сторување на кривичното дело Спречување или смеќавање јавен собир од Член 155 од Кривичниот законик. Санкцијата, предвидена за ова дело, е парична казна или затвор до една година.

Ги повикуваме сите граѓани што се повикани или своеволно упатени на контра-протест да се воздржат од ваквата активност и своето незадоволство да го искажат на друга локација од онаа пријавена за одржување на денешниот и утрешниот јавен собир. Апелираме политичките партии да се воздржат од користење на говор на омраза на политичка или било која друга основа и да не ги користат граѓаните за нивните политички интереси и цели“, стои во соопштението од Хелсиншки комитет.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска