(ВИДЕО) Богоев: Законот за зеленило го предложивте под притисок на граѓаните

Од:

Како власт направивте масакр на дрвјата кај паркот Бристол, на дрворедите на бул. Климент Охридски, во Карпош 3 и во Карпош 4, на УКИМ и на Водно, реплицираше Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, на обраќањето на Владо Мисајловски, министерот за транспорт и врски, при собраниската дискусија по повод Предлог законот за зеленило.

„Урбаната мафија ги зеде сите парцели на сметка на зеленило, станавме шампиони во светски рамки во загадување на воздухот.

Како резултат на борбата на студентите во чиишто двор ги сечевте дрвјата со полиција, во 3 часот по полноќ, како резултат на борбата на Паркобраните кои исто така со полиција ги избркавте и во 3 часот по полноќ ги исековте дрвјата, како резултат на протестите на моите драги сограѓани од Карпош 3 и Карпош 4 против урбаната мафија, како резултат на масовните протести на граѓаните на Тетово, Битола, Кавадарци, Велес, Скопје и сите градови во кои се протестираше против енормното загадување на воздухот, токму по заслуга на овие граѓани, власта под притисок го предлага овој закон за зеленило“, изјави Богоев.

Ние ќе излеземе во пресрет на граѓаните и ќе гласаме ЗА ова решение, рече тој, „но лицемерието на власта е повеќе од очигледно и е веќе прочитано”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он