Во салата на Друштвото за телесно воспитување „Партизан“ во Кавадарци, денеска се одигра турнир во мал фудбал, во чест на прерано починатиот кавадарчанец Митко Влајков.
-Тој беше член на подгрупата „Бригада 12“ на нивачката група „Лозари“. Прерано го заврши неговиот живот . Митко Влајков, 18 годишното момче од Кавадарци ненадејно почина на игралиштето во салата „Партизан„ во момент кога сакаше да се вклучи во играта. Токму затоа ние неговите другари и пријатели овој настан го организираме овде во „Партизан, рекоа од навивачката група „Бригада 12“ која го организираше настанот, со подршка на повеке подржувачи и спонзори.
Турнирот во мал фудбал за спортисти аматери се одржа по трети пат.