Би-Би-Си – Лондон
– Оваа земја и оваа почва се со најдобар квалитет во Европа, вели Горан Матиќ, гордо покажувајќи со раката кон полињата околу неговото стопанство во српската провинција Војводина.
Матиќ почнува. Стоејќи на слабото зимско сонце, тој дфржи долга пофална реч со елементи на мечтаење за квалитетот на земјата во тој дел од Србија.
За оние на кои не им е најјасно што точно прави еден вид почва да биде подобар од друг, Матиќ разјаснува со два збора: почвата во Војводина е богата, црница и од неа се ќе изникне.
Семејното стопанство Бркин салаш е типично традиционално за српскиот модел. Тоа се простира на осум хектари земја и е обработувано со хемиско ѓубриво.
Слично на други фармери, Матиќ го опишува своето производство како „ограничено не на хартрија, туку природно“ затоа што иако се подготвени да „бувнат“ од пофалби за чистотата на своите методи, тие никогаш не ги давале парите и не си предизвикувале главоболки да се кандидираат за официјално органско производство.
На терасата пред стопанството, бабата по сопруга на Матиќ, Драгиња, спретно чисти кокошка за да го продаде месото на локални ресторани и продавници. Во задниот двор, полињата слободно шетаат, како да и благодарат на судбината која им е определена.
Тоа е начин на живот кој со текот на вековите малку се променил. Сега тоа е под закана.
– Историјата покажува дека луѓето можат да живеат со стопанство од 10 хектари, вели Матиќ. „Но сега повеќе не можат. Ако немаш сто хектари, не можеш да се издржуваш од едно стопанство само од земјоделие. Нема да ги имаш парите кои ти се потребни за да живееш. Има поголеми сопственици, цената на производството е претерано висока и тоа не е добро за малите стопани“.
– Луѓето мора да одат да работат на друго место, или за некој друг – и така го губат традиционалниот начин на живот, објаснува мажот.
Матиќ и сопругата Наташа нашле друг начин за да се издржуваат од малото стопанство. Тие го претвориле Бркин салаш во место за аграрен туризам, со соби, трпезарија, а има и мало наместено игралиште да деца.
Јадењата се целосно од локално, „природно органско“ производство. Полиците се преполни со домашно произведени мармалади, ајвар и ракија, кои посетителите можат да си ги купат.
Неопходноста од поголеми домашни стопанства се само еден од предизвиците пред кои се исправени српските аграрни традиции. Освен тоа, перспективите за членство во Европската унија предизвикаа вознемиреност за подготвеноста на локалните производители да опстојат пред една поголема конкуренција.
Србија се уште е во прилично рана фаза од процесот на кандидатура. Таа започна официјални преговори за пристапување кон ЕУ пред две години. Всушност, досега се отворени само две од 35-те поглавја од преговарачкиот процес.
Со ова темпо, ќе минат многу години пред ЕУ да ја прими Србија за своја членка.
Но земјата веќе започна да ја чувствува силата на конкуренцијата во областа на земјоделството.
Европските санкции против Русија доведоа до непредвидливи последици. Исправени пред ембаргото на производството на за нив еден од најголемите пазари, европските фармери бараат алтернативи. Меѓу нив е една земја која не се приклучи кон санкциите: Србија.
– Тоа е најголемиот проблем за Србија сега – многуте ефтини производи од ЕУ, вели Драган Гламочиќ, поранешен министер за земјоделие, кој сега е советник на премиерот. „Има многу етино месо, посебно свинско, и многу млечни продукти. Српските фармери се многу малечки – тие имаат малку хектари, малку животни – и не можат да се конкурентни на европејските. А европејските пак имаат многу подобри технологии и хоу-хау“, објасни тој.
И заклучи: „Во овој момент Србија не е подготвена да биде во таа борба“.
Гламочиќ стравува дека натрупувањето на пазарот во последно време со ефтини производи од ЕУ може да е предвесник за тоа кое им претстои на српските фармери. За една земја која го наведува селското стопанство како клучен сектор за потенцијален економски раст, тоа е вознемирувачка перспектива.
Но има и друга пооптимистичка гледна точка. Според неа, Србија може да извлече корист од своето „природно органско“ наследство и од неодамна наметнатата забрана за генетски модифицирани култури (ГМО):
Земјата веќе е лидер во производството на слободна од ГМО соја – и може да ја користи својата репутација за да најде пазари во ЕУ каде луѓето стануваат се позаинтерсирани од изворите на својата храна.
– Постои парадокс – последните 30 години беа тешки времиња за Србија, но тоа ја зачува нашата природа и биоразновидност, вели Срѓан Станковиќ, основач на белградската еколошка организација Супернечурал, која нуди редица производи со сертифицирано потекло во ресторани и продавници во центарот на српската престолнина.
– Србија има многу што да и понуди на ЕУ. Ние сме познати по својата храна – мислам дека патот пред нас е да работиме заедно и да ги најдеме најдобрите можни решенија. Стандардизацијата не е одговорот – нешто кое функционира во Англија нема неопходно да функционира и во Хрватска.
Станковиќ се согласува дека во оваа етапа српските фармери не се подготвени за предизвиците од членството во ЕУ.
Но тој вели дека земјата сеуште е согласност со сезоните и карактерите за секој од тие производи; втората карактеристика е пазарувањето на фармерските пазари, а силните врски со селските корени значат дека „секој има баба во провинцијата“.
Сето тоа можеби е можно да биде искористено во името на идејата Србија да се претвори во европски бренд за квалитетно производство. И од Бркин салаш Матиќ гледа позитивно и се смешка додека мисли на иднината.
– Не ми е страв за нашите луѓе. Ние бргу се опоравуваме, вели тој.