По 77 минути игра Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро го победи српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, со резултат 6:0, 6:4.
Типсаревиќ одигра катастрофален меч, особено неговата игра беше лоша во првиот сет, кога освои само четири поени на сервис на противникот. Ова е втор пораз за Србинот во групата.
Типсаревиќ повеќе нема никави шанси на завршниот Мастерс куп во Лондон. Во последното коло тој ќе игра против Ферер, кој по два меча има победа и пораз.
За Дел Потро ова е прв триумф на турнирот. Во сабота против Федерер ќе се бори за пласман во полуфиналето.