Се санира свлечиштето на патот Прилеп-Битола-Ресен

Од:

 Битолската подружница на ЈП „Македонија пат“ врши интензивно чистење на свлечиштето што утрово се појави на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Ресен, односно на делницата А-3 (73+300).

Според раководителот на оваа подружница Веселинчо Спасевски, неопходно потребно е да се направи проект за трајно решение на овој проблем кој го загрозува сообраќајот на овој регионален патен правец.

– Ние знаевме дека и годинава како и лани, при обилен дожд ќе ни се повтори оваа слика и затоа патот Прилеп-Битола-Ресен на овој дел е затворен, а во наредните неколку денови ќе се пренасочува низ градот Битола. Очекуваме до понеделник да заврши расчистувањето на свлечиштето од земјен и камен материјал, рече Спасевски.

Одлуката за овој прекин и пренасочување, како што посочи тој, утрово во 5 часот ја донесе стручен тим од повеќе институции, а со единствена цел да биде голема безбедноста во овој дел на сообраќајот.

– Свлечиштето ќе се смири со престанокот на дождот. Инаку, ние досега сме расчистиле неколку илјади метри кубни земјен и камен материјал, а очекуваме заради големината на масивот да се направи проект за трајно решавање на свлечиштето на овој дел од регионалниот пат, истакна Спасевски, раководител на ЈП „Македонија пат“ – подружница Битола.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози