(ВИДЕО) Николовски: Законите важат за сите подеднакво, правдата мора да победи

Од:

„Денеска сме на средби со граѓаните, земјоделците и младите во Битола и во населените места околу Битола. И тука, граѓаните на Битола се сведоци на хаосот којшто настана со објавувањето на избирачкиот список и фантомските гласачи во списокот.

Но, сведоци се и на обидот на Уставниот суд да ги амнестира, односно да овозможи помилување на сите оние луѓе коишто учевствувале во фалсификување на народната волја“, рече Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ.

„Оттука, од Битола порачуваме дека овој хаос со избирачкиот список мора да се расчисти до крај, а сите луѓе коишто се вмешани во изборни криминали ќе мора да одговараат.

Оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ ги впрегна сите институции во функција да се одржи на власт на локално и централно ниво.

Само вчера објавивме еден огромен скандал со којшто потврдивме дека и државните институции се злоупотребени, дека и парите на земјоделците не оделе кај вистинските земјоделци, туку завршуваат кај луѓе и фирми блиски до власта.

Но едно е јасно, институциите ќе се демократизираат, избирачкиот список мора да се прочисти до крај. Мора да се направи теренска проверка од страна на Државната изборна комисија.

Сигурен сум дека граѓаните нема да дозволат Уставниот суд да ја исполни наредбата којашто е дадена на послушниците коишто се судии во Уставниот суд , а што доаѓаат како наредба од страна на владеачката партија. Граѓаните ќе го зашитат Уставот на Република Македонија и сите оние коишто се вмешани во изборни криминали мора да одговараат.

Правдата мора да победи. Законот мора да важи за секој и секој мора да одговара во Република Македонија соглaсно законите.

Во Република Македонија мора да има фер, слободно и демократски избори, но претходно ќe имаме целосно прочистување на избирачкиот список и регулирање на медиумите со што ќе бидат исполнети условите од Пржинскиот договор за фер, слободни и демократски избори“, изјави Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата