(ВИДЕО) Стојчевски: Руинираните спортски објекти во Штип се доказ за лажната пропаганда на Груевски

Од:

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под нивна контрола, платени со пари на граѓаните, се гледаат секој ден. Наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ за младинскиот спорт во Штип се само дел од плејадата на лажни ветувања и виртуелни проекти на оваа криминална власт. Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, уште во 2014 година најави реконструкција на фудбалското игралиште во Бело брдо како и поставување на електронска сигнализација и изградба на трибини, рече Трајче Стојчевски, портпарол на ЛК СДММ Штип.

Додека на медиумите на Никола Груевски се шират лаги, платени со пари на граѓаните, реалната состојбата во која се наоѓа овој фудбалски терен е следна: старите соблекувални се целосно руинирани и наликуваат на мини депонии, нема ниту трага од најавуваните трибини, а што е уште позастрашувачки на овој терен нема ниту вода и струја.

Овој терен требаше да биде користен и за реализација на практичната настава на учениците од дисперзираната паралелка за фудбал која е дел од Академијата за спорт, а функционира во рамките на средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип.

Затоа се потребни реформи во медиумите. За граѓаните да ја знаат вистината.

ВМРО-ДПМНЕ не може веќе да се затскрива зад наводните распишани тендери за реконструкција на ова спортско игралиште.

Реализација на овој проект кој им е неопходен на младите фудбалери во Штип следува по промените на следните фер и демократски избори.

СДСМ во својата Програма има сериозни мерки. Ќе градиме политики заедно со студентите, со младите – системски решенија кои ќе овозможат младите да останат во сопствената земја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ