СДСМ: Граѓаните масовно се вклучуваат во прочистувањето на Избирачкиот список

Од:

„Граѓаните продолжуваат да ги пријавуваат бројните неправилности во Избирачкиот список на телефонската линија што ја отвори СДСМ.

Во текот на вчерашниот ден, на телефонскиот број што го отвори СДСМ пријавени се следнитенеправилности во избирачкиот список: 1.316 фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, 49 непостоечки станови, 19 непостоечки влезови, 299 граѓани коишто не живеат на таа адреса, 12 гласачи запишани на адреси на деловни простории, и 80 починати лица.

На сите им е веќе јасно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и дека го краделе правото на слободен глас на граѓаните.

Хаосот во избирачкиот список, фантомските гласачи впишани на една адреса додека за не се никаков привид, туку реалност.

Затоа овој хаос треба да се расчисти и секој што правел изборна измама или бил вмешан во изборен криминал да одговара.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он