Кери во посета на Саудиска Арабија и Франција

Од:

Американскиот државниот секретар Џон Кери денеска ќе отпатува на турнеја, која ќе вклучува посети на Саудиска Арабија и Франциа, соопшти потпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Кери денеска во Хафр ал Батист ќе се сретне со високи претставници на саудиските власти, со кои ќе разговара за состојбите во Сирија и Јемен, како и за други прашања од областа на безбедноста.

Утре и в недела државниот секретар на САД ќе престојува во Париз, каде се сретне со министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија, Германија и Италија, како и со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

На овие средби, според Тонер, Кери ќе разговара за регионални и глобални прашања.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија