Во прекин сообраќајот Кочани – Делчево, одрони на неколку патни правци

Од:

На патниот правец Кочани – Делчево сообраќајот е во прекин поради одрон со голема количина материјал. Авто мото сојузот на Македонија информира дека се работи на расчистување на патот, а како алтернатива возачите може да го користат патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Од 17 часот вчера во прекин е и патот од селото Долни Полог – Облешево пред Кочанска река поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Според АМСМ, одрони има на патот Берово – Виница и таму сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, а на Виничката раскрсница меѓу селата Истибања и Калиманци сообраќајот е блокиран во двата правца и се пренасочува преку Виница.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне во Крива Паланка,Страцин и Смојмирово.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on