СДСМ: Граѓаните од цела Македонија се вклучија во прочистувањето на избирачкиот список

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со празните соопштенија не можат да ја сокријат вистината што излегува како шило во врска со хаосот во Избирачкиот список.
 
Се покажа како Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и како го краделе правото на слободен глас на граѓаните.
 
Граѓаните ставаат крај на хаосот и заедно со СДСМ се вклучија во акцијата за прочистување на избирачкиот список. Преку телефонскиот број што го отвори СДСМ граѓаните постојано пријавуваат изборни нерегуларности.
 
Граѓаните се обединети околу потребата за слободни, фер и демократски избори и обезбедување на првото еден човек-еден глас.
 
Граѓаните знаат, чистењето на избирачкиот список значи чистење на криминалните шеми на Никола Груевски преку фалсификување на нивната реална и слободно изразена волја.
 
Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори. Оние што правеле изборни измами ќе одговараат согласно законите.
 
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, велат од центарот за комуникации на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он