Победи на водечките екипи во конференциите во НБА

Од:

Двете водечки екипи во конференциите во НБА лигата Голден Стејт (Запад) и Кливленд (Исток) остварија победи на ноќешните дуели.

Голден Стејт ја забележа 28. победа на домашен терен во серија, откако без многу проблеми ја совлада Јута, а притоа најефикасен на дуелот беше Клеј Томсон со 23 поени. Стеф Кари реализираше 12, но погоди пред звукот на сирената за крај на првиот дел од својата половина.

Кливленд победи на гостувањето кај Сакраменто, а комплетната стартна петорка имаше двоцифрен број поени. Кајри Ирвинг постигна 30, а Леброн Џејмс 25 поени.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Голден Стејт – Јута 115:94, Сакраменто – Кливленд 111:120, Оклахома Сити – ЛА Клиперс 120:108, Феникс – Њујорк 97:128, Далас – Детроит 96:102, Милвоки – Мајами 114:108, Бостон – Мемфис 116:96, Филаделфија – Хјустон 104:118 и Шарлот – Њу Орлеанс 122:113.

Пласман Источна конференција: Кливленд 45-18 (победи-порази), Торонто 42 -20, Бостон 39-26, Мајами 37-27, Атланта 36-28, Шарлот 35-28, Индијана 34-30, Чикаго 32-30,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 57-6, Сан Антонио 54-10, Оклахома Сити 44-20, ЛА КЛиперс 41-22, Мемфис 38-26, Портланд 34-31, Далас 33-32, Хјустон 32-32,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on