Во Обединетите Арапски Емирати денеска се затворени училиштата поради невообичаено силните врнежи од дожд, кој на неколку часа го сопре и авиосообраќајот на аеродромите во Абу Даби и Дубаи.
Со оглед на тоа дека се очекува невремето да потрае, дацата и утре нема да одат на училиште.
На фотографиите, објавени на социјалните мрежи се гледа како водата стигнала до половина на возилата на улиците на Абу Даби, пренесува Танјуг.
Според најавата од хидрометеоролозите и утре се очекува невреме.