Швајцарецот Роже Федерер е првиот полуфиналист на завршниот АТП Мастерс за оваа сезона што се одржува во Лондон.
Федерер во второто коло од Б групата го победи Шпанецот Давид Ферер со 6-4, 7-6 (7-5) и со две победи на едно коло пред крајот се избори за влез во полуфиналето.
Ова е 14. победа за Роже Федерер во исто толку дуели со шпанскиот тенисер.
Во вториот наптревар од оваа група вечерва играат Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро и Србинот Јанко Типсаревиќ.