ДОМ: Итно да се реши хуманитарната катастрофа на бегалците

Од:

ДОМ бара од надлежните институции во земјава итно да ја решат хуманитарната катастрофа во бегалскиот камп Табановце, каде се затечени над 1.000 бегалци по затворањето на балканските и европските граници. Мора да им се помогне и на илјадниците бегалци затечени во тампон-зоната меѓу Грција и Македонија, преку заедничка солидарна помош од двете земји, зашто за луѓе се работи! Тоа е најмалку што треба да се направи за да им се олеснат маките на овие измачени луѓе, кои како да ги заборавивме, затрупани со секојдневни шокантни дневно-политички настани.

ДОМ истовремено бара одговор од Владата дали се точни шпекулациите што се појавија во јавноста дека се побарани гумени куршуми и слични „средства за одбрана“ на границите од австриската влада. Апсолутно сме против примена на вакви нехумани методи против луѓе кои бегаат за да спасат гол живот, со иста жестина како што бевме против внесувањето на вакви одредби во законската регулатива.

Со жалење констатираме дека оваа масовна бегалска криза ги остави без вистински одговор многу земји кои се идентификуваат со високи норми за човековите права и слободи, а на површината излегоа сите стравови и предрасуди. Се покажа по кој знае кој пат дека на светот му недостигаат долгорочни стратегии за постигнување одржлив мир, стабилност и економски просперитет, како и сериозни заложби за нивно спроведување, во духот на конвенциите на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски