ВИДЕО: Се појави „Споменик на Дијaзeпамот“

Од:

Во Скопје се појави уште еден споменик, но овој не е дел на Скопје 2014. Од пладнево во центарот на Скопје никна „Споменик на Дијазeпамот“.

Урбаните герилци повторно во акција со која поставија споменик на апчето дијазапам со димении 1.4м х 1.2м на јавен простор.

1

Акцијата „Споменик на Дијазепамот“ е инспирирана од фактот дека ова средство за смирување е втор по продажба лек во Македонија, што со оглед на генералните состојби во државата не е изненадување.

2

Потрошувачката на антидепресиви, во 2013 година, во однос на 2010 во Македонија се зголемила за над 1,6 милиони реализирани рецепти, односно за околу 30 отсто, покажала анализата на податоците на Фондот за здравствено осигурување.

3

Овој тренд е во нагорна линија и претпоставките се дека во 2015 бројот на реализирани рецепти ја надминал бројката од 2 милиони рецепти (пакувања) а најмалку 500 000 пакувања се купени приватно само со рецепт од матичен лекар.

4

Според првичните реакции на неколку минувачи, споменикот на омиленото апче на Македонците, веќе предизвика интерес од граѓаните кои би сакале да положат свежо цвеќе.

5 6 7 8 0

А.Б.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче