СДСМ отвори телефонски број за пријавување на нерегуларностите во избирачкиот список

Од:

„Jавноста секојдневно се запознава со нови и нови примери за хаосот во Избирачкиот список.

Огромниот број на лица, запишани на иста адреса и фантомските гласачи го потврдуваат она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.

Maksim Gorki 11 (1)

Секој нов пример отвора нови нелогичности, нови сомнежи.

На една адреса во Скопје каде што се запишани вкупно 66 лица, еден гласач, со исто име и презиме е запишан и на адреса во Ресен и на адреса во Демир Хисар.

Благица Терпо 2 пати

На друга адреса во Скопје каде што се запишани вкупно 30 лица, двајца гласачи од таа адреса со исти имиња и презимиња фигурираат и на адреса во Ресенско.

Хаосот кој што реално постои со избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас.

Васил Ѓорѓов (1)

Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.

Затоа независната институција, Државната изборна комисија, мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список за во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас.

Васил Ѓоѓов (2) (1)

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат Избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

СДСМ се става на располагање на сите граѓани за што отвори и посебен телефонски број за пријавуање на нерегуларностите во Избирачкиот список.

Ѓерѓи Вурмо 3 пати

Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија.

пара трајче 2

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Трајан Трајко 2 пати

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата