Повеќе скопски населби и села утре без струја

Од:

Корисниците од скопските села Мирковци, Чучер Сандево, Глуво, Горно Оризари и Бразда утре од 6 до 8.30 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 8 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“, а од 9 до 10 часот дел од корисниците од булеварот „Мајка Тереза“ на потегот меѓу улиците „Боро Петрушевски“ и „Владимир Назор“, дел од корисниците од улицата „Владимир Назор“, како и дуќаните на влезот во Клинички центар.

Од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Душан Тасовиќ“ бр.38, 44, 45, 47 и 49 во општина Гази Баба, како и дел од корисниците од улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во општина Бутел.

Корисниците лоцирани на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ од бр.2 до бр.30 во општина Бутел ќе бидат без струја од 9 до 14.30 часот, а од 9 до 15.30 часот корисниците од селото Кучевиште.

Во периодот од 9.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Долно Соње и Брзовец во општина Сопиште, а 12 до 15 часот корисниците од улицата „Божин Николов“ во општина Аеродром, како и корисниците од село Добри Дол во општина Сопиште.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се заради инвестиции во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја