Промоција на бугарски превод на стихозбирката „Ѕвезден корен“ од Анте Поповски

Од:

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер организира промоција на стихозбирката „Ѕвезден корен” од академик Анте Поповски (1931-2003) на бугарски јазик, со која ќе почне чествувањето 85 години од неговото раѓање.

– Ова е прво самостојно дело на нашиот голем поет, преведено и издадено во Бугарија. Изборот на песните и преводот се дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов, а стихозбирката е во издание на бугарското книгоиздателство „Ерго”, информира КИЦ на РМ во Софија.

За опусот на Поповски и за стихозбирката „Ѕвезден корен” пред публиката во Софија ќе зборуваат: Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија, преведувачот Роман Кисјов, сопственикот на издавачката куќа „Ерго” и редактор Мартин Христов. На промоцијата ќе бидат интерпретирани стихови од поетот, а најавено е и присуство и обраќање на членови од неговото семејство.

Објавувањето на преводот на поетската книга финансиски го поддржа македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска