Австрија соопшти дека нема да се откаже од цврстата гранична политика бидејќи договорот со Турција за запирање на миграцијата кон Грција се уште не е сигурен, јави ДПА.
– Би било напредок да се организира гранична контрола заеднички со Турција, но ние не можеме да сметаме на тоа, изјави австрискиот канцелар Вернер Фајман.
Австриската министерка за надворешни работи Јохана Микл-Лајтнер во меѓувреме изјави дека „Австрија нема да отстапи ниту милиметар од својата позиција. Македонија исто така ќе остане затворена“.