СДСМ: 6 часа неделно пропаганда, уште една потврда за медиумскиот мрак

Од:

„Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што се ставија во одбрана на срамните одлуки на Уставниот суд за изборните измами, медиумите на Груевски се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ.

Мерење на прилози во вести 01.03 - 07.03.2016

Податоците од мерењата, според мониторнг по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР, покажуваат дека за период од една недела, од 01.03.2016 до 07.03.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5, Алфа и НоваТв, се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 6 часа и 8 минути.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема: 0 часа, 0 минути и 0 секунди.

Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 3 часа и 55 минути.

Наспроти 6 часа и 8 минути позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ позитивните прилози се во времетраење од едвај 57 минути.

Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он