Кошаркарите на Голден Стејт брзо се вратија на победите по неделниот пораз од Лос Анџелес Лејкерс и ноќеска на домашен терен го совладаа Орландо. Ова за нив беше 45.та победа во серија пред своите навивачи во регуларниот дел од сезоната со што го минаа рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1995/96.
Стеф Кари постигна 41 поен и стана првиот играч со постигнати 300 и повеќе тројки во сезона. Воедно по поразот на Сан Антонио од Индијана сега единствено Голден Стејт има едноцифрен број на порази – шест.
Пораз на домашен терен забележа и лидерот во Источната конференција Кливленд, кој загуби од Мемфис.
Резултати на наоќеска одиграните дуели:
Голден Стејт – Орландо 119:113,
Далас – ЛА Клиперс 90:109,
Њу Орлеанс – Сакраменто 115:112,
Чикаго – Милвоки 100:90,
Индијана – Сан Антонио 99:91,
Кливленд – Мемфис 103:106 и
Шарлот – Минесота 108:103.
Пласман Источна конференција: Кливленд 44-18 (победи-порази), Торонто 41-20, Бостон 38-26, Мајами 37-26, Атланта 35-28, Шарлот 34-28, Индијана 34-30, Чикаго 32-30,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 56-6, Сан Антонио 53-10, Оклахома Сити 43-20, ЛА Клиперс 41-21, Мемфис 38-25, Далас 33-31, Портланд 33-31, Хјустон 31-32,…