Сомалија: Во напад на дрон на САД убиени 15 борци на Ал-Шабаб

Од:

Најмалку 150 екстремисти на групата Ал-Шабаб се убиени во напад на американско беспилотно летало во Сомалија, соопшти Пентагон, пренесе Би-би-си.

Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис рече дека е погоден камп за обука каде бил планиран „напад од големи размери“.

– Познато ни е дека планирале да го напуштат кампот и да претставуваат непосредна опасност за силите на САД и Африканската унија, рече Дејвис.

Според него, нападот бил извршен во саботата.

Погодениот камп се наоѓал на 195 километри северно од Могадишу, главниот град на Сомалија.

Дејвис рече дека кампот бил некое време надгледуван.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија