(ВИДЕО) Шекеринска во Делчево: По промените, просечна плата од над 29 илјади денари

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска е помеѓу граѓаните на Делчево и Берово.

На средбите се разговараше за секојдневните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните и решенијата од програмат на СДСМ.

Заеднички беше констатирано дека на Македонија и се потребни промени за конечно да се врати на вистинскиот, на европскиот пат.

-Од притисоци, закани и казни не сме раат. Пари нема. Многу тешко се живее, а без нашите деца, без младите уште потешко. Но, нема тука за нив живот, затоа чарето го баарат во туѓина, велат револтирано граѓаните коишто ги очекуваат промените.

-Чекор по чекор заедно со вас во Македонија ќе создадеме услови за пристоен живот. Ќе ги вратиме младите, дома да ја градат својата иднина. СДСМ има реална и остварлива програма со мерки коишто ќе допринесат за отворање на нови работни места и враќање на бројна и силна средната класа. Оние што живеат од земјоделие ќе бидат ослободени од персонален данок. Ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата. Нашата цел е просечната плата да достигне до над 29 илјади денари, за период од 4 години, рече Шекеринска.

nikolatisiminato

Зборувајќи за актуелната политичка состојба Шекеринска рече дека она што се случува со избирачкиот список е потврда за изборниот киминал што го спроведувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Прочистувањето на списокот започна и тоа е важен услов за фер избори. На фер и демократски избори, со причистен Избирачки список и регулација на медиуми, во Македонија ќе се случат промени на коишто ќе победи СДСМ. Граѓаните бараат промени за подобар живот и промените ќе се случат, додаде Шекеринска.

На средбите со граѓаните во Берово и Делчево, со заменик претседателката присуствуваше и претседателката наа Коомисијата за земјиделство, шумарство и водостопанство, Татјана Прентовиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски