„Изневерено време“, најнова книга од македонскиот поет Милчо Мисоски

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави поетската збирка „Изневерено време“ од македонскиот поет Милчо Мисоски. Рецензент на книгата е писателот Тоде Илиевски.

Збирката е трета поетска книга на Мисоски и се состои од 38 песни поместени во два циклуса „Замолкнати зборови“ и „Во центарот на зборот“.

– Поет кој доаѓа со сигурен чекор во простор што се освојува со творештво, со примена на сигурна постапка и со строго утврдени мерила за уметничкиот израз, се вели во рецензијата за оваа книга.

Милчо Мисоски е роден на 26 септември 1972 година во Струга. Бил еден од уредниците на училишниот весник „Јужен бран“ во Охрид. Наградуван е на Радио Охрид за поезија. Неговата поезија е објавувана во повеќе списанија во поранешна Југославија, како „Мостови“, „Одзиви“…Досега има објавено три поетски збирки „Чекајќи го ангелот“ (1991), „Записки“ (2013) и „Изневерено време“ (2016). Живее и твори во Струга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска