Екипата на Лос Анџелес Лејкерс приреди изненадување со триумфот над првакот Голден Стејт на натпреварот одигран синоќа на домашен. „Езерџиите“ славеа победа со 112:95 и со тоа му го нанесоа шестиот пораз на шампионот, а ја постигнаа само 13.та победа.
Кај победничкиот тим седум играчи имаа двоцифрен учинок Џордан Клерксон со 25 поени беше најефикасен, а Д‘Анџело Расел постигна 22, додека Коби Брајант реализираше 12 поена. Во тимот на Голден Стејт потфрлија Стеф Кари со 18 и Клеј Томсон со 15 поени.
Резултати на другите НБА дуели одиграни синоќа:
Милвоки – Оклахома Сити 96:104,
Мемфис – Феникс 100:109,
Денвер – Далас 116:114 (по продолжение),
Детроит – Портланд 123:103,
Мајами – Филаделфија 103:98 и
Торонто – Хјустон 107:113.
Пласман Источна конференција: Кливленд 44-17 (победи-порази), Торонто 41-20, Бостон 38-26, Мајами 37-26, Атланта 35-28, Шарлот 33-28, Индијана 33-30, Чикаго 31-30,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 55-6, Сан Антонио 53-9, Оклахома Сити 43-20, ЛА Клиперс 40-21, Мемфис 37-25, Далас 33-30, Портланд 33-31, Хјустон 31-32,…