Северна Кореја со закани до САД и Јужна Кореја за нуклеарен напад

Од:

Северна Кореја се закани со „превентивен нуклеарен удар на правдата“ против Јужна Кореја и САД доколку тие две држави спроведат денеска планирани заеднички воени вежби, соопшти Врховната команда на Народната армија на Кореја.

Пред неколку дена Пјонгјанг отфрли санкции на СБ на ОН како „неправедни, незаконски и неморални“ и упати закани дека и понатаму ќе го јакне својот нуклеарен арсенал.

– Јакнењето на нашиот нуклеарен арсенал е легитимен начин на искажување на нашето право на самоодбрана, што ќе продолжи се додека трае непријателската американска политика, соошти севернокорејското МНР.

Лидерот Ким Џонг-Ун нареди нуклеарниот арсенал во државата да биде во приправност за да може да се употреби во кој било момент.

Според локални медиуми, Ким рекол дека Пјонгјанг „мора постојано да биде подготвен да испука нуклеарни боеви глави во секој момент“. Шест проектили со краток дострел беа испукани во четвртокот од страна на Северна Кореја неколку часа пред одлуката на СБ на ОН за досега најстрогите санкции проив таа држава.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот