Шојбле: „Брегзит“ ќе биде отровен за Велика Британија и за ЕУ

Од:

Евентуална одлука на Велика Британија да ја напушти Европска унија ќе биде отровна за британската, за европската и за глобалната економија, кои што со години нема да можат да се заздрават,изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Шојбле наведува дека доколку тоа се случи ќе има долги и мачни договори меѓу ЕУ и Велика Британија.

– Со години ќе имаме несигурност, која што ќе биде отровна за Велика Британија, за европскиот континент и за глобалната економија, посочи Шојбле.

Во врска со Турција тој вели дека германската Влада има сериозни сомнежи дали треба да и се дозволи да стане членка на ЕУ.

Преговорите ќе траат долго време и тоа не е грижа за сегашноста, со што искусниот германски политичар го исклучи членството на Анкара во ЕУ догледно време.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он