СДСМ: Хаотичниот Избирачки список потврдува изборна измама

Од:

„Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции.

Jавноста секојдневно се запознава со хаотичниот Избирачки список.

Ценатр-Димче Мирчев 0008-2

Само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат и по 100-тина, па дури и повеќе лица.
 
На една адреса во Скопје се запишани 112 лица, а на друга 66 на трета 33 лица.
 
Ценатр-Димче Мирчев 0008-3

На една адреса во Ресен се запишани 34, на друга, 24, на трета 8 лица.

Големиот број на лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека планот за изборна измама бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ценатр-Димче Мирчев 0008-4

Се виде за каква злосторничка банда се работи, какви изборни измами правела. Ја повикуваме Државната изборна комисија што побрзо да даде инструкции а граѓаните да го искористат своето законско право да пријават неправилности, но да доставуваат информации и до МВР, за да се покренат соодветни постапки.

Ценатр-Димче Мирчев 0008-5

Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите. Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.
 
Граѓаните се тие коишто ќе одлучуваат за иднината на својата земја на фер избори.

Центар-Димче Мирчев 0008 - 6

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ