Во Грција до крајот на месецот можат да пристигнат уше 100.000 мигранти, предупреди комесарот на Европска унија за миграција Димитрис Аврамопулос, пред самитот ЕУ-Турција на кој се очекува решавање на мигрантската криза.
Тој на прес-конференција во Атина посочи дека е потребно да се сменат правилата за азил за да се намали тензијатга.
Во Грција во моментот има над 30.000 бегалци.
– За неколку недели ЕУ ќе најави ревизија на правилата за азил за да се обезбеди праведна дистрибуција на товарот и одговорноста, посочи Аварамопулос.
На утрешниот самит во Брисел се очекува да биде извршен притисок врз Турција да прими повеќе економски мигрантии од Грција и да го намали бранот бегалци кои во Европа пристигнуваат преку Егејско Море.