Тројца повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце

Од:

Три лица, од кои едно потешко, се повредени при сообраќајната несреќа во која учествувале автобус и трактор што денеска околу 13 часот и 40 минути се случила во близина на бензинската пумпа во селото Јажинце на магистралниот пат Тетово – Јажинце.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, автобусот, марка „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, бил управуван од И.А.(47), додека тракторот што бил без регистарски таблички го управувал А.С.(21) од Нераште.

При несреќата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на автобусот и патникот во него Р.С.(56) од Одри се здобиле со телесни повреди. Сите тројца повредени со друго возило биле префрлени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски