„Усран суд“ се извикува пред зградата на Уставниот суд, неколку стотини демонстранти повторно протестираат пред судот барајќи оставка од претседателката Елена Гошева и останатите судии кои дадоа согласност да се расправа и одлучува за можноста претседателот да помилува осудени за изборен криминал, педофилија и други видови на кривични дела.
Од пред Уставниот суд насобраните порачуваат дека нема да пројде овој обид на партијата на власт и дека уставните судии ќе мора да поднесат оставки поради нивната инволвираност во партиски игри.