(ВИДЕО) Кирацовски: Инспекција за незаконските предизборни испити за инспекторите

Од:

Барам вонреден инспекциски надзор за противзаконски распишаниот јавен повик за лиценци на инспекторите со кој што власта на Никола Груевски прави предизборни притисоци, вели Александар Кирацовски, дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација.

До Државниот управен инспекторат поднесов Иницијатива за инспекциски надзор на работата на Инспекцискиот совет, формиран од Владата што ги спроведува испитите и издава лиценци.
Еве зошто:

1. Според законот1, испитот што треба да го положат инспекторите за да не го изгубат работното место, треба да се спроведе најмалку 3 пати во текот на ЕДНА година!
Со оваа постапка инспекторите немаат една година, имаат само 4 месеци.

Правилникот2 за начинот на полагање на испитот е донесен дури пред еден месец, а јавниот повик за испитите е распишан пред само три недели.

Со Правилникот доцнат цели две години!

Кадрите на Груевски, намерно, се сетија на него на неколку месеци пред изборите.

2. Правилникот3 стапи на сила на 16-ти февруари, кога е објавен во Службен весник, а јавниот повик4 за полагањето на испитот, како што само ДПМНЕ знае да владее, е распишан ден порано, што е исто така противзаконски!

Прекршена е утврдената правна процедура5 и тоа од самата Влада, според која што – денот на објавување на прописите во Службен весник не се вбројува во рокот за влегување во сила на истите, во случајов Правилникот за испити на инспекторите.

Јасно е. Соработниците на Груевски намерно ги поместија роковите за да прават притисоци врз инспекторите и врз граѓаните.

Слушна јавноста како власта на Груевски ги злоупотребувала инспекциските служби за затворање фирми и рекет во партиски пресметки и тоа од неговите најблиски соработници: Миле Јанакиески, Горан Трајковски, Силвана Бонева.

Групата околу Никола Груевски е во паника од отворената истрага против нив за злосторничко здружување за изборни грабежи. Секојдневно излегуваат информации за непостоечки гласачи во Избирачкиот список, што дополнително го потврдуваат тоа.

Затоа го злоупотребуваат Уставниот суд. Затоа не дозволуваат објективно известување на медиумите под нивна контрола. Затоа им требаат инспекции и инспектори.

Порачувам, јас сум во министерството да ги откријам злоупотребите и да спречам тие да се повторуваат. Никој во тоа нема да ме поколеба. Незаконската и тенденциозна процедура за спроведување на испитот за инспекторите, ќе мора да се запре!

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Горан Наумовски