Новак Ѓоковиќ и Хуан Мата се сретнаа во Лондон. По тој повод шпанскиот фудбалер сподели слика на својот Твитер профил со најдобриот светски тенисер.
„Ќе одам во О2 арената со гениј“, напиша Мата.
Фудбалерите на Челси во средата остварија многу важна победа во Лигата на шампионите, додека Ѓоковиќ го совлада Енди Мареј и се наоѓа на чекор до полуфиналето на Мастерсот во Лондон.