(ВИДЕО) Ѓорчев: Оливер Спасовски вчера избега од одговорноста во Бутел

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното насилие и беззакони што беше демонстрирано во општина Бутел. МВР има уставна обврска да ги штити законите, редот, мирот и безбедноста на граѓаните. Оливер Спасовски не ја исполни оваа своја уставна обврска, рече Валдимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски и Едмонд Адеми од СДСМ вчера беа срам за уставниот поредок на Република Македонија. Оливер Спасовски вчера дозволи толпата да го преземе законот во свои раце, да пали дрвја, да урива огради и да узурпирајќи јавен имот на територијата на општина Бутел. Оливер Спасовски и неговите инсталирани послушници од СДСМ во МВР вчера избегаа од одговорноста за која се платени од граѓаните на Македонија и не дадоа наредба на полицијата да ја спречи толпата која што спроведуваше сопствен закон, додаде Ѓорчев

Ваквото однесување на Оливер Спасовски според него е недозволиво, кукавичко и целосно неодговорно. Ваквото однесување на Оливер Спасовски може да биде повод граѓаните да почнат самите да ја штитат својата безбедност, самите да ги штитат своите општини и самите да се борат за почитување на Уставот и законите на Република Македонија.

Тоа ќе значи вовед во понатамошен хаос, нешто што е спротивно на интересите на граѓаните на македонија и на секој оној што ја сака Република Македонија.

Затоа ВМРО ДПМНЕ инсистира Оливер Спасовски да престане да се крие и да постапи согласно овластувањата кои што ги има на располагање. Во минатото полицијата се соочуваше и со многу потешки ситуации. Полицијата порано покажуваше дека доколку тој што ја командува има капацитет да командува, тогаш може да превенира состојбата и полицијата можеше порано да се сочува со многу посериозни кризи.

Секој понатамошен инцидент што ќе произлезе од немото и безгласно толерирање на беззаконието од страна на Оливер Спасовски ќе биде на негова одговорност и на одговорност на СДСМ која како партија номинираше кадар што апсолутно нема капацитет да биде на ниво на обврските што ги има и состојбите што се случуваат.

Доколку Оливер Спасовски не издаде наредба за полициска асистенција со која повторно ќе се воспостави ред во главниот град Скопје, на Република македонија, тогаш Оливер Спасовски ќе стане соучесник во сценариото за крв на улиците што го најави неговиот советник и колега од СДСМ Едмонд Адеми.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања