Шампионот на НБА лигата Голден Стејт со ноќешната победа дома над Оклахома Сити изедначи уште еден рекорд на шампионскиот тим на Чикаго постигнувајќи 44 победи на домашен терен во регуларниот дел од сезоната. Инаку, ова за Голден Стејт беше 26-та победа сезонава, а повеќе од нив има Сан Антонио – 29. Двете екипи се единствените досега со обезбеден плеј оф.
Најефикасен на дуелот беше повратникот во тимот Стеф Кари со 33 поени, додека кај Оклахома Сити Кевин Дјурант постигна 32.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Голден Стејт – Оклахома Сити 121:106, Далас – Сакраменто 101:104, Њу Орлеанс – Сан Антонио 86:94 и Мајами – Феникс 108:92.
Пласман Источна конференција: Кливленд 42-17, Торонто 40-19, Бостон 37-25, Мајами 35-26, Атланта 33-28, Шарлот 32-28, Индијана 32-29, Детроит 31-30,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 55-5, Сан Антонио 52-9, Оклахома Сити 42-20, ЛА Клиперс 40-20, Мемфис 36-24, Далас 33-29, Портланд 33-29, Хјустон 30-31,…