Турција мора да обезбеди бројот на бегалци и мигранти, кои ја напуштаат оваа земја на пат кон Европа, да се намали до нула, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте.
– Нивото мора да биде значително пониско отколку сега. Мора да се види нула, а јас не можам да видам нула од сегашната позиција, истакна Руте.
Тој додаде дека договор меѓу Турција и ЕУ за забрзување на реадмисијата на државјани од трети земји и економските мигранти е „најмалку на што се надева“ за време на самитот ЕУ-Турција.
– Се надевам и дека можеме да се договориме за прераспределба. За неколку недели можеме да процениме дека бројот на оние кои доаѓаат од Турција во Грција навистина се намалува на ниво од каде е видлива нула, поради што ЕУ може да почне со амбициозна прераспределба, нагласи холандскиот премиер.
Лидерите на ЕУ на 7 март ќе одржат специјален самит со Турција посветен на бегалската криза.