СДСМ: Баџанакот на Мијалков спроведува нарачки на уплашениот Никола Груевски  

Од:

„Никола Груевски е уплашен. Следува одговорност за изборниот грабеж што го правел тој и неговите најблиски соработници.
 
Акциите што денеска се спроведуваат во Струмица, на барање на партиските структури на Никола Груевски во Основното јавно обвинителство се предводени од баџанакот на Сашо Мијалков, Јован Илиевски.
 
Никола Груевски, творецот и реализаторот на изборните грабежи во Македонија, неуспешно се обидува да избега од изборниот криминал што го правел заедно со неговите соработници.
 
Извршените претреси во Струмица, во Кабинетот на градоначалникот, воедно и претседател на СДСМ, Зоран Заев, се уште еден неуспешен обид за притисок.
 
Ниту еден притисок креиран и спроведен од партиските структури во Основното јавно обвинителството под контрола на Јован Илиевски нема да успее.
 
Борбата против криминалот на Никола Груевски и неговите соработници започна и ништо не може да ја спречи.
 
Секој што го прекршил законот ќе одговара.
 
Нема да успеат сценаријата, со партиски нарачки да се тргне вниманието на јавноста од криминалот на Никола Груевски, изборниот грабеж и срамните одлуки на Уставниот суд коишто треба да се пласираат преку режимските медиуми.
 
Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори на коишто ќе победи правдата, вистината и европска Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски