СДСМ: Во болницата во Штип пациентите јадат салама и леб

Од:

Во болницата во Штип нема тумор маркери за гради, матка и дебело црево. За појадок пациентите добиваат салама и леб, а дежурните хирурзи виршли со јајце, додека Груевски и Тодоров потрошија половина милион евра народни пари за реклами за здрава храна, коментира СДСМ.
 
„Се потрошија 630 милиони евра за споменици, пари со коишто можеше да се создадат услови во сите болници ширум Македонија. Но, тендерите и бизнис зделките на фамилијата за ВМРО-ДПМНЕ беа поважни од здравјето на граѓаните. Клиничката болница во Штип можеше да биде една од тие болници. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

dorucekbolnica-2

Оттаму потсетуваат дека во секое предизборно ветување на Груевски и секоја програма на ВМРО ДПМНЕ, штипјани се излажани дека ќе добијат Клиничка болница. 
 
„Ја најавија во 2011. Ја пренајавија за 2013. На крајот на 2013, рекоа ќе биде во 2014. На изборите во 2014, ја ветија за октомври 2015. Сега сме 2016 а Штип сеуште нема нова Клиничка болница“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ