(ВИДЕО) Шилегов: Да имаше Елена Гошева морален интегритет ќе си поднесеше оставка

Од:

Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, има конфликт на интереси и токму затоа мора да си поднесе неотповиклива оставка од својата функција, вели Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

„Директната партиска поврзаност на фамилијата Гошеви со ВМРО-ДПМНЕ е клучен аргумент дека Елена Гошева не може да одлучува објективно и непристрасно кога станува збор за изборните криминали на ВМРО-ДПМНЕ. Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком. Таму главен извршен директор е Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков. Потсетуваме дека ќерката на на Елена Гошева била потпреседателка на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Сопругот на Слободанка, Игор Гиевски е пореанешен претседател на УМС, на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е член на управниот одбор на ЕВН, именуван токму од Владата. Сопругот на Елена Ѓошева, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на студентскиот центар, назначен од ВМРО – ДПМНЕ“, рече Шилегов на денешната прес конференција.

„Да имаше Елена Гошева морален, личен и професионален интегритет, сама ќе поднесеше оставка. Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски од изборниот криминал. Интерес на сите граѓани во Република Македонија е правда и владеење на правото. Во Македонија, мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори со пречистен избирачки список и реформи за медиумски слободи. Секој што ќе го прекрши законот, мора да одговара“, додаде Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство