Излегува „Жените на скалите“ новиот роман на Бернхард Шлинк

Од:

Утре (4 март), од печат излегува преводот на новиот роман на Бернхард Шлинк, „Жената на скалите“. Се работи за еден од најчитаните

автори кај нас, кого публиката со нетрпение го очекува со секое ново дело.

Преводот од германски јазик е на Ксенија Чочкова, која досега на македонски јазик ги преведе и останатите негови книги „Бегства од љубовта“, „Викенд“, „Летни лаги“ и „Враќање дома“ (со Ива Фиданчева, која го преведе и „Гордивата врвка“), во издание на издавачката куќа Или – или.

По повод излегувањето на книгата, читателите во петок и во сабота ќе бидат во можност книгата на Шлинк да ја купат по промотивна цена од 250 денари во книжарницата Или-или.

Инаку, илустрацијата на корицата е на Марија Смилевска, дизајнот на brigade.mk, a излегувањето на „Жената на скалите“ е дел од проектот „Креативна Европа“, финансиски поддржан од програмата за култура на Европската унија ЕАЦЕА.

12773276_10208885040298496_1019170563_o

Бернхард Шлинк (1944г. Билефелд, Германија) е правник, професор и еден од најзначајните писатели од поновата германска литература. Тој ја започнува својата писателска кариера со крими-романи, за кои добива повеќе награди. Во еден од неформалната крими трилогија, Гордиевата врвка, можат да уживаат и македонските читатели. За својот прв роман со некриминална тематика, „Читачот“, кој е преведен на повеќе од 50 јазици, Шлинк ги добива наградите „Hans-Fallada-Preis“, италијанската награда за литература „Grinzane Cavour“, како и наградата на Франција за преводна литература „Prix Laure Bataillon“. Како круна на успехот, романот стигнува до првото место на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс.

Или-или ги издаде и прозните остварувања на Шлинк кои следеа: романите „Враќање дома“ и „Викенд“, како и збирките раскази „Бегства од љубовта“ и „Летни лаги“.

Долгоочекуваниот најнов роман „Жената на скалите“ повеќе недели се наоѓаше на првото место на најпродавани книги на списанието „Шпигел“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска