Роман од Лафазановски преведен на српски јазик

Од:

„Геопоетика” од Белград на српски јазик го објави романот „Историјата на луѓето кои умреа од страв” на  Ермис Лафазановски. Преводот е на академик Ристо Василевски, а е објавен со поддршка на Фондацијата С. Фишер на мрежата Традуки.

– Антропологијата на стравот, како и манипулативните стратегии кои стравот го користат како секојдневно оружје за затапување на чувството за објективност се клучни теми што преовладуваат во романот. Ликовите во текот на целото дејство се суптилно изложени на најразлични застрашувања чија цел е од поединците да направат послушен колектив… Со својот несекојдневен роман Лафазановски го потврдува своето високо, неприкосновено место во современата македонска проза, нудејќи роман кој ги катапултира неговите луцидни постапки во впечатливо и комплетно дело, пишува во редакциската белешка за романот.

Ова е втор роман на Лафазановски кој за кратко време е објавен на српски јазик. Во 2013 година овој белградски издавач го објави и неговиот роман „Храпешко”, исто така во превод на академик Василевски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска