Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе биде промовирана книгата кратки фолклорни жанрови од македонското народно творештво „Убавиот збор и железна врата отвора“ од Елизабета Петровска.
Книгата е проект кој го идентификува човекот, просторот и времето и таа преставува пердизвик за запознавање на традицијата и за усното пренесување на народната мудрост и искуства низ вековите.
Оваа кактеристика е од посебно значење за осознавање на македонската народната традиција кај иселениците. Ова исклучително важно издание за нашата дијаспора е печетено билингвално, на хрватски и македонски јазик, а е издание на Заедница на Македонците во Република Хрватска.