СДСМ: По промените доаѓа правдата и вистинското владеење на правото

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ли денеска зборува за судството во Македонија? Вистината за Македонија покажа дека правосудниот систем во Македонија бил во рацете на познатата тројка, Груевски, Мијалков и Јанкуловска. Местеле судии и обвинители за сопствени потреби и цели. Тоа се судиите од тефтерчето.
 
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се дел од проблемот на партизираното правосудство во Македонија.  
  
Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, го рушат функционирањето на правдата и правната држава во Република Македонија. Преку срамни одлуки на Уставниот суд се прават обиди да се заштити дури и изборниот криминал што го спроведувале најблиските соработници на Никола Груевски.
 
Груевски сеуште го нема во јавноста да излезе и да каже која е неговата улога во злосторничкото здружување.

Злосторничко здружување на високи претставници на партијата на власт само за да задржат локална и централна власт е сериозно сомневање и затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог?

На Никола Груевски треба да му биде јасно дека со молчење и бегање нема да се спаси од одговорност.
 
Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот доаѓа по промените, кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните.
Секој оној што сторил криминал, ќе одговара. Законот ќе важи за сите.
По промените доаѓа правдата и вистинското владеење на правото“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милјарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството