Швајцарскиот кантон Женева поднесе тужба против француската нуклеарна централа во Буге поради „ставање во опасност на други лица и загадување на водата“, јави дописникот на МИА од Париз.
Женева во процесот ја застапува француската адвокатка Корин Лепаж, која е позната како борец за заштита на природата и животната средина.
Каноналните власти на Женва засега не соопштуваат детали за тужбата, која е поднесена во Париз, но најавија прес-конференција за случајот за в понеделник, на која ќе присуствува и Лепаж.
Нуклеарната централа во Буге се наоѓа на само на 70 километри од Женева. Во март 2015 година, властите на Женева најавија дека ќе реагираат против работата на нуклеарката, која е во употреба од 1970 година и се смета за застарена.
Уште во 90-те години на минатиот век, Женвеа водеше кампања против нукеларната централа во Креј-Малви, која прекина со работа во 1998 година.
Деновиве, француските власти проценија дека животниот век на нуклеарните централи во Франција може да биде продолжен за 10 години.